Скапо го чинеше поразот од Кил: Писонеро повеќе не е прв тренер на Вардар!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вардар во претходното коло од Лигата на шампиони против Кил доживеа убедлив пораз, па сопственикот на „црвено-црните“, Сергеј Самсоненко реши да го постави Давид Писонеро за асистент, додека прв тренер ќе биде Едуард Кокшаров.

Самсоненко не го простува големиот пораз од германскиот гигант, иако вината не е само на тренерот, но во секој случај Писонеро ќе мора да работи како асистент, откако го прифатил таквиот предлог на управата.

Кокшаров претходно работеше како директор во Вардар, а притоа е селектор на руската ракометна репрезентација, па се очекуваат многу подобри резултати со него на кормилото на македонската екипа.

Првиот предизвик на Кокшаров ќе му биде екстра-тешкото гостување во Лигата на шампиони кај Веспрем, кое се игра во сабота.