Двајца играчи на Барса не сакаат да тренираат поради протестите во Каталонија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ширум Каталонија траат големи протести поради деветмината уапсени политичари кои се залагаат за независност на автономната покраина.

Во неколку каталонски градови, со седиште во Барселона, веќе со денови траат жестоки протести па судејќи според се ќе биде откажан и дуелот помеѓу Барселона и Реал Мадрид, кој е закажан за 26. октомври.

Натпреварот би требало да се помести за 18. декември, а занимливо е тоа што поради протестите играчите на Барселона на утрешното гостување кај Еибар ќе тргнат со автобус.

Некои играли одбиле и да тренираат, подржувајќи ги протестите, а тоа се Осман Дембеле и Жерард Пике. Наводно двајцата го пропуштиле денешниот тренинг кој е последен пред гостувањето кај Еибар.

Останува да се види како Барселона ќе реагира, а каталонскиот народ ќе биде воодушевен од нивниот потег.