Мурињо имал интересен телефонски разговор со претседателот на Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалскиот стручњак Жозе Мурињо и понатаму е без работа откога изминатата година доби отказ во Манчестер Јунајтед.

Мурињо во средината на декември изминатата година доби отказ на Олд Трафорд и одлучи да земе одмор од тренерската работа. Но, Португалецот утринава призна дека му фали работа, и дека набрзо ќе пронајде нов ангажман.

Тој и изминативе месеци имаше неколку интересни понуди, но ги одби сите бидејќи реши да чека и да го пронајде вистинскиот предизвик. Утринава шпанските медиуми пишуваат дека Мурињо можно е да се врати во Реал Мадрид на местото на Зинедин Зидан.

Marca пишува за тоа дека Флорентино Перез сериозно размислува да му даде отказ на Зидан поради очајните резултати, а посебно после поразот од Мајорка. Наводно, претседателот на кралскиот клуб имал и телефонски разговор со Мурињо за да провери дали тој е спремен да се врати на Сантијаго Бернабеу.

Перез верува дека Мурињо на Реал би му ги донел потребните промени и дека Зидан едноставно го има изгубено компасот откако се врати на клупата на Кралевите.

Мурињо беше на клупата на Реал Мадрид од 2010. до 2013. година и успеа да освои една титула од Шпанската лига и го освои Кралскиот Куп. Отсекогаш зборуваше дека би сакал да се врати и да остави подобар впечаток и најверојатно ќе му се пружи шанса порано од очекуваното.