Арсенал и Милан во битка за одличниот дефанзивец, но лондонскиот клуб сепак е во предност


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Арсенал е одлучен во намерата во јануарскиот преоден рок да го доведе играчот на РБ Лајпциг Дајот Упамекано. Дефанзивецот на германскиот клуб беше на мета на Топџиите и ова лето, но договор на крајот не беше постигнат и 20-годишниот играч остана во Германија,

Сега британските медиуми пишуваат дека Арсенал е спремен да го победи Милан во трката за овој играч во трансфер кој би можел да биде околу 50 милиони фунти.

Упамекано во Лајпциг пристигна во 2017. година од Салзбург за 10 милиони евра, а оваа сезона одигра само четири меча со обзир на тоа дека беше и повреден, но се опорави и се врати во првиот состоав.