Маркез е незапирлив сезонава: Шпанецот славеше и на трката во Австралија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Марк Маркез славеше на трката за Големата награда на Австралија, па така стигна до петтата победа по ред, односно 11. сезонава, откако во последниот круг успеа да го премине Маверик Вињалес, кој падна од својот мотор.

Вињалес на крајот не успеа да ја заврши трката, откако направи голема грешка и ја загуби првата позиција, па на подиумот се искачија уште и Кал Крачлоу и Џек Милер, додека Валентино Роси беше осми на крајот.

Маркез беше бавен во првиот дел од трката, но потоа во финишот тргна по 81. победа во кариерата и на крајот стигна до истата.

Следната трка во Мото ГП шампионатот ќе се вози во Малезија.