Неверојатниот Леброн достигна уште еден несекојдневен рекорд

Леброн Џејмс одигра уште еден фантастичен натпревар во дресот на Ла Лејкерс.

ЛБЏ во победата на неговиот тим над Окахолма Сити со резултат 112:107 запиша нов triple-double од 25 поени, 11 скокови и 10 асистенции и со тоа влезе во историјата на најсилните кошаркари на светско ниво.

Џејмс се запиша како првиот играч во историјата на НБА лигата кој има постигнато triple-double против секој тим во лигата. До синоќа немаше постигнато triple-double само против екипата на Оклахома, но сега и таа работа е завршена.

На Леброн ова му е 86. triple-double во својата кариера, а пред себе има уште четири кошаркари со повеќе постигнати triple-doubles.

Оскар Робертсон има постигнато 181, потоа следува Расел Вестбрук со 141, Меџик Џонсон со 138 и Џејсон Кид со 107 постигнати triple-doubles.