Кејн со емотивна порака се збогуваше од Покетино (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Маурицио Покетино синоќа доби отказ и повеќе не е тренер на Тотенхем, а него ќе го замени Жозе Мурињо.

Аргентинецот минатата сезона успеа да го однесе тимот до финалето во Лигата на шампиони, но сезонава неговиот тим изгледаше многу лошо, па поради тоа доби отказ.

Покетино помина пет ипол години во Тотенхем и јасно е дека кај многу фудбалери во клубот остави многу спомени, а капитенот Хари Кејн се огласи на социјалните мрежи.

„Шеф. Засекогаш ќе ви бидам благодарен што ми помогнавте да ги остварам соништата. Имавме неверојатни моменти во последните пет ипол години кои никогаш нема да ги заборавам. Вие сте мој тренер, но и мој пријател. Среќно…“, напиша Кејн.