Мурињо: Ибрахимовиќ во Тотенхем? Моментално го имаме најдобриот напаѓач


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалскиот свет и понатаму со нетрпение чека Златан Ибрахимовиќ да ја донесе својата конечна одлука и да го одбере клубот во кој ќе игра во наредниот период.

Ирахимовиќ ја заврши кариерата во ЛА Галакси и моментално е слободен играч, а на почетокот на 2020. година треба да потпише за некој од европските клубови.

Има доста заинтересирани тимови, најмногу се шпекулира за неговиот повраток во Милан или Болоња, а имаше и вести дека Швеѓанецот можно е повторно да дојде кај Жосе Мурињо во Англија. Тие соработуваа во Манчестер, сега се смета дека можат да бидат заедно и во Тотенхем.

Меѓутоа, Мурињо денес ги демантираше шпекулациите дека Ибрахимовиќ можно е да го облече дресот на Спарсите.

„Ибрахимовиќ во Тотенхем? Нема никаква шанса. Ние го имаме најдобриот напаѓач во Англија. Нема смисол напаѓач како Златан да дојде во клуб во кој игра Хери Кејн“, изјави Мурињо.

Да се потсетиме, Португалецот неодамна беше именуван за тренер на Тотенхем, а првото деби му беше успешно бидејќи неговиот тим славеше со 3:2 на гости кај Вест Хем.