Само Пеп заработува повеќе: Знаете ли колку му плаќа Тотенхем на Мурињо?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жозе Мурињо е многу ценет фудбалски тренер, а низ кариерата заработил големо богатство работејќи за некои од најголемите фудбалски клубови во светот.

Мурињо го има предводено Порто, во два наврати Челзи, Интер, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, а денес се наоѓа на клупата на Тотенхем.

Посебниот дебитираше со победа на клупата на Спарсите и англиската јавност од него има големи очекувања, посебно навивачите на Тотенхем. На никој не му е лесно да го доведе Мурињо за тренер, бидејќи тој има големи и амбициозни планови, и освен пари исто така има дополнителни барања да му се овозможат уште некои услови.

Сепак, Тотенхем на крајот успеа да најде заеднички договор со Мурињо, а колку заработува Португалецот?

Како што наведуваат странските медиуми, клубот од северен Лондон на Мурињо му плаќа 15 милиони фунти на годишно ниво, а до сега тој во својата кариера има заработено околу 120 милиони фунти.

Во Челзи тој заработуваше 8,5 милиони фунти во првиот мандат, а во вториот мандат Роман Абрамовиќ му понуди договор со годишна плата од 8,3 милиони фунти.

Во Манчестер тој доби 12 милиони фунти, а доби и оштета од 20 милиони фунти после неговата замена на крајот од изминатата година.

Инаку, моментално поголема тренерска плата од Мурињо има Пеп Гардиола кој во Манчестер Сити заработува 23 милиони евра на сезонско ниво.