Реми на „Енфилд“, патниците во следната фаза ќе се решаваат во последното коло


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипите на Ливерпул и Наполи одиграа интересен натпревар кој на крајот заврши без победник, 1:1.

И двете екипи пласманот во следната фаза ќе го бараат во последното коло каде Ливерул ќе мора да победи или да извади реми на гостувањето кај Салцбург, додека на наполи ќе му бдеи доволно и реми против отпишаниот Генк.

Што се однесува до резултатот, Наполи водеше со погодокот на Дрис Мертенс, додека конечните 1:1 ги постави Дејан Ловрен.

Нашиот Елиф Елмас ги одигра последните 15-тина минути на натпреварот на „Енфилд Роуд“.

На вториот натпревар од оваа група Ред Бул Салцбург уште еднаш го торпедираше Генк, овој пат со 4:1.