Ливерпул е во најлоша дефанзивна низа во последните 21 година


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тимот на Ливерпул во последно време има големи проблеми да ја сочува својата мрежа.

Синоќа на Енфилд, за време на првото полувреме, напаѓачот на Наполи Дриес Мертенс ја затресе мрежата на Алисон Бекер и со тоа беше јасно дека е поставен негативен рекорд за последните 20 години

Попрецизно кажано не 20, туку 21 година бидејќи толку време има поминато откако Ливерпул последен пат примил гол барем на 11 натпревари по ред.

11 тимови кои имаат постигнато гол против Редсите во последните 11 натпревари се: Салзбург(3), Лестер(1), Мачестер Јунајтед(1), Генк(1), Тотенхем(1), Арсенал(5), Астон Вила(1), Манчестер Сити(1), Кристал Палас(1) и Наполи(1).

Интересно е тоа што на дури осум од овие 11 натпревари Редсите оствариле победа, а на три одиграа нерешено. На тоа го додаваме фактот дека Арсенал го победија после пенал и доаѓаме до заклучок дека Ливерпул има остварено 9 победи покрај две ремија што е одличен успех и нема потреба за грижа.

Ливерпул наредниот натпревар го игра во сабота против Брајтон на домашен терен и тоа сигурно ќе биде голема шанса да се прекине оваа негативна низа.