Играчот на Борусија на бизарен начин се повреди во својот дом и поради тоа нема да игра до крајот на годината


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Витсел нема да може да му помогне на својот тим во преостанатиот период.

Борусија Дортмунд до крајот на оваа година ќе биде без Алекс Витсел. Б

Белгиецот играше за Милионерите во саботата на натпреварот против Фортуна Дизелдорф, но подоцна на бизарен начин се повредил во својот дом. Имено, германските медиуми пишуваат дека Витсел паднал на лице, па завршил на интензивна нега и имал хируршки зафат.

„Не можевме да разговараме со него вчера бидејќи беше на интензивна нега во болницата“, рече денес тренерот на Дортмунд – Луциен Фавре.

„Нема да може да го одигра остатокот од годината, но веќе е на домашно лекување. Штета за него, но и за нас, бидејќи тој е важен играч. Се надевам дека ќе се врати што е можно побрзо“, додаде Фавре. Витсел во 2018. година стигна во Борусија Дортмунд од кинескиот тим ТЈ Тианхаи, а оваа сезона има запишано 21 натпревар и има постигнато 3 погодоци проследени со 3 асистенции.