Елмас со емотивна порака до Анчелоти: Ти благодарам за сè! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се збогуваше со неговиот поранешен тренер Карло Анчелоти, кој го напушти Наполи по победата против Генк од 4-0 со кој обезбеди нокаут-фаза во Лигата на шампиони.

Екипата од Неапол долго време беше во криза, па јасно беше дека Анчелоти ќе биде отпуштен, а ниту убедливиот триумф не успеа да го спаси.

„Ти благодарам за тоа што го направи за мене. Ми беше чест да ми бидеш тренер и да работам со тебе. Ти посакувам само најдобро во иднина“, порача Елмас.

Анчелоти минатото лето го донесе Елмас од Фенербахче бидејќи Македонецот беше желба на многу гиганти и ги воодушеви сите со своите настапи.