Како Малага го загуби Кристијано Роналдо поради два милиони евра?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо, петкратниот добитник на Златната топка и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, бил многу блиску до преселба во Малага на почетокот на својата кариера.

Роналдо покажа голем талент кога беше тинејџер, а Европското првенство во кадети, одиграно во Данска во 2002 година, беше вистинска манифестација за него и за другите талентирани фудбалери на негова возраст.

Кога станува збор за шпанска Малага, таа го испратила нејзиниот скаут Карлос Ринкон на првенството. Во тоа време, тој уживал голема доверба на претседателот на клубот, кој секогаш го слушал кога станува збор за младите играчи. Тој беше добар скаут, па на тој шампионат го препозна и потенцијалот на Роналдо …

“Кристијано, уште како млад играч, ги покажа квалитетите што ги има денес. Тој беше играч со значително добра физичка сила, со спектакуларно добар удар … Во тоа време, уживав во голема доверба на Претседателот и се што го советував го применуваше. Ми беше кажано дека заминувам на големи турнири во Европа, Америка, Јужна Африка. Морав секогаш да ги земам телефонските броеви на трите најдобри играчи на турнирот. До тогаш ги гледав само на телевизија.“.

„Следната недела остваривме контакт со играчите и нивните семејства за да се сретнеме со агентите и да доставиме понуда. Во таа приказна беше Кристијано. Во тоа време тој уште немаше дебитирано за првиот тим на Спортинг Лисабон, а ние имавме испратено понуда преку Хорхе Мендес. Имавме одредена сума на пари, не можевме да направиме понатамошни инвестиции, тогаш понудивме 1,5 милиони евра, а играчот вредеше 3,5. Не продолживме понатаму со преговорите затоа што не можевме да ја достигнеме таа сума. Сепак, добрите играчи не се секогаш скапи, но ние едноставно не можевме да понудиме повеќе “, вели Ринкон.

Тој додава дека само еден месец или два после тоа Роналдо го направи своето деби за првиот тим на Спортинг и многу брзо премина во Манчестер Јунајтед. Тој исто така вели дека Роналдо е еден од најдобрите во историјата на фудбалот.