Играше одлично во Баерн и Сити, а сега е вишок во тим од средината на табелата во Примера


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Баерн и Манчестер Сити Мартин Демикелис стана технолошки вишок во Еспањол.

Аргентинецот во клубот од Барселона стигна во летоо, а во меѓувреме одигра само два натпревари.

Поради слабата форма Еспањол се одлучи да го раскине договорот со него и така да му овозможи веќе сега да побара нова средина.

Демикелис во текот на кариерата играше уште за Малага, Атлетико Мадрид и Ривер Плата.

Неверојатно звучи дека некогашниот столб на Граѓаните така слабо се снајде во Шпанија, и дека само година дена следеше голем пад во кариерата.