„Буфон требаше да го нокаутира судијата за крај на кариерата“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вистинска драма се случуваше во последните моменти од натпреварот помеѓу Реал и Јувентус во Мадрид, а „старата дама“ беше елиминирана по контраверзниот пенал, кој беше досуден за домаќините.

Поради жестока реакција, голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон доби црвен картон, а поранешната легенда на Јуве кажа дека Италијанецот требало да го удри судијата.

„Ако знаев дека ја завршувам кариерата, би го нокаутирал судијата. Тоа би бил преубав крај на кариерата. Не може да се досуди таков пенал во последни секунди од натпреварот“, кажа Такони.