Лоши вести од Бундеслигата: Уште една ѕвезда останува без СП!? (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одличниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Миши Батшуаи е потешко повреден од вчерашното дерби против Шалке.

Во финишот на натпреварот Шалке, Батшуаи тргна кон голот на домашната екипа, но по контакт со еден дефанзивец на домаќините, се повреди и беше изнесен од теренот.

По изразот на лицето на Батшуаи се виде дека нешто не е во ред и дека неговата повреда е потешка, па не е познато колку ќе отсуствува.

Белгијците стравуваат дека Батшуаи ќе го пропушти Светското првенство (СП) во Русија. Иако не е прва опција на селекторот Роберто Мартинез, сепак, би било штета да не се појави на Мундијалот.