Ја гледаме најефикасната сезона во историјата на ЛШ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Очигледно ја гледаме една од најдобрите сезони во Лигата на шампиони (ЛШ). Иако до крајот можеме да видиме уште три натпревари, сепак е срушен рекордот по број на постигнати голови во една сезона.

По спектакуларните натпревари во четвртфиналето, тимовите повторно не изненадија во полуфиналето и не може да се претпоставува ништо до крајот.

По тие натпревари е срушен рекордот по број на постигнати голови во една сезона во ЛШ, а сега изнесува 387. Во просек „паѓа“ гол на 28 минути, а најдобар стрелец досега е Роналдо со 15, а зад него се Фирмино и Салах со по 10 гола.