Марадона откри што му се случуваше: Не бев дрогиран и не ме однесоа во болница!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По здравствените проблеми кои ги имаше Диего Марадона по натпреварот помеѓу Аргентина и Нигерија во Санкт Петербург, руските медиуми напишаа дека Аргентинецот се дрогирал, па го однеле во болница.

Сепак, Аргентинецот го демантираше ова и кажа дека по лекарската помош му се смирила состојбата и со приватен авион заминал за Москва.

„Сакам да кажам дека сум добар. Сега не сум во болница и не сум ни бил. Во текот на натпреварот со Нигерија го повредив вратот. Докторот ме прегледа и ме советуваше да се вратам дома пред почетокот на второто полувре,е но сакав да останам, зашто тоа беше решавачки натпревар“, вели Марадона.