Во Барса пристигнува соиграчот на Меси од репрезентација


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што тврдат шпанските медиуми, каталонскиот великан е заинтересиран за доведување на младиот офанзивец на Бока Јуниорс, Кристијан Павон и ќе проба да го ангажира во летниот преоден рок.

Овој 22 годишен фудбалер важи за еден од најголемите таленти на аргентинскиот фудбал.

Веројатно е време за разделба од Боја Јуниорс. Павон сака да дојде на големата сцена во Европа, а неколку тимови од Стариот континент би сакале да го видат во своите редови.

Меѓу нив е и Барселона. Наводно Каталонците веќе испратиле понуда до Бока, кои бараат 42.5 милиони евра за младиот крилен фудбалер.

Тимот од Буенос Аирес нема намера да го пушти за помала цена, па сега Барса треба да одлучат, а Павон на крајот би можел да заврши со Меси во ист тим.