„Јуве без дилеми се направи добро, но се сомневам во една работа“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Доаѓањето на Кристијано Роналдо во Јувентус привлече огромно внимание во Италија.

Некако како никој освен челниците на Старата дама не веруваа дека нешто би можело да се случи, но Роналдо на крај сепак ќе го облече дресот на Бјанконерите.

Кристијано во Торино ќе заработува огромни 30 милиони евра по сезона. Токму тоа го гледа како проблем легендарниот италјански тренер Ариго Сачи бидејќи тоа би можело да влијае на атмосферата во тимот.

,,Не се сомневам дека Јувентус се добро одработи. Единствен сомнеж ми е односот внатре во тимот. Правилата годинини наназад беа за сите исти и тоа мора да важи и за Роналдо. Ако тој не ги почитува би можеле да настанат проблеми внатре во тимот”- смета Сачи.

Роналдо доаѓа во Јувентус после 9 години поминати во Реал Мадрид и би требало да биде водич на тимот во поход по титулата во Лигата на шампиони која Јуве веќе повеќе од две децении нестрпливо ја чека.