„Дешамп би требало да си замине, а репрезентацијата да го промени стилот на игра“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Франција ја освои титулата за Светски првак.

На првенството во Русија, Франција стигна до втората титула за најдобра светска селекција во фудбал, а на еден човек не му се допаѓаше начинот на кој французите дојдоа до титулата.

Тоа е некогашниот играч на ПСЖ, Хатем Бен Арфа кој остро го критикуваше селекторот Дидие Дешамп и неговиот начин на водење на тимот.

,, Му симнувам капа, но да сум на негово место би се повлекол додека сум на врвот, како што тоа го направи Зинедин Зидан во Реал Мадрид. На тој начин новиот селектор ќе го искористи потенцијалот на екипата и ќе ги пушти младите фудбалери да уживаат во играта”- рече Бен Арфа и додаде:

,,Со оглед на тоа какви играчи имаме би требало да бидеме похрабри. Знам дека на поголемиот дел од фудбалерите не им одговара овој стил на игра и не би се бунеле да го применат”- смета тој.
Додава дека на Светското првенство Франција и тоа како се коцкала.

,,Стилот на игра беше прилично лош. Секако, беше ефикасен, но ние всушност се коцкавме и живеевме од грешките на противникот. Ги казнувавме грешките на противникот. Тој фудбал не беше спектакуларен, но на крај беше ефикасен”- рече Бен Арфа.