Трансферот на Еден Азар наскоро официјален?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што наведуваат медиумите од Островот, Реал Мадрид и Челси би можеле да постигнат договор и откупување на Белгиецот за цена од 150 милиони евра и трансферот наскоро би требало да биде официјален.

Азар последните две години се поврзува со Реал, а како започна летниот преоден рок, оваа тема беше се погласна.

Повеќето медиуми пренесоа дека разговорите се во тек и дека Перез би требало да го увери Абрамовиќ дека 150 милиони евра се доволни за 27 годишниот играч на Челси.

Азар и сам се огласи дека сака трансфер во Реал.

Диарио Гол оди толку далеку, што наведува дека Азар ќе живее во куќата каде што досега живееше Роналдо.

Останува да видиме што ќе се случува во наредниот период.