Куртоа постигнал шестгодишен договор со Реал Мадрид!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот на Челси, Тибо Куртоа, во моментов е во Белгија и чека да замине во Шпанија за да го комплетира својот трансфер во Реал Мадрид.

Медиумите пишуваат дека Белгиецот поради тоа ги пропуштил последните два тренинзи на „сините“, па тие се подготвени да му ја исполнат желбата.

Челси претходно одложуваше да прифати понуда од „кралевите“ бидејќи бараше замена за Белгиецот, но очигледно ја најде во Атлетик Билбао, односно Кепа Аризабалага кој ќе ги чини 72 милиони фунти и тоа ќе биде нов светски рекорд за голмани.

Трансфер периодот завршува утре во 17 часот, па ќе биде вистинска лудница во наредните часови.

Еден белгиски новинар, наводно, има податоци дека Куртоа потпишал шестгодишен договор и треба само да потпише соработка со нив.

„Реал Мадрид утре ќе го комплетира договорот. Тие се договориле на шестгодишна соработка. А, Реал ќе му плати 35 милиони фунти на Челси“, известуваат од Белгија.