Готово е: Потврден е трансферот на Куртоа во Реал Мадрид, Ковачиќ се сели во Лондон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на англискиот Челси штотуку објавија дека е постигнат договор за перманентен трансфер на Тибо Куртоа во Реал Мадрид.

За целосно комплетирање на трансферот сега се очекува само да се постигне финален договор околу личните примања на Куртоа, што не би требало да претставува никаков проблем и да се поминат неопходните медицински прегледи.

Од Челси исто така потврдија дека на „Стемфорд Бриџ“ ќе пристигне Матео Ковачиќ на едногодишна позајмица.

Реал Мадрид по неколку напори во изминативе сезони конечно потпиша врвен голман во своите редови.

Договорот исто така е потврден и од страна на Реал Мадрид од каде објавија дека Куртоа ќе остане на „Бернабе“ во следните шест години.