Се остварија неочекуваните најави: Еден од најдобрите возачи се повлече од Формула 1


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Некогашниот најдобар Формула 1 возач, Фернандо Алонсо по цели 17 години ќе си замине од најбрзиот циркус на светот.

Тоа го најави Шпанецот со порака испратена на социјалните мрежи преку која истакна дека е време за промена.

„По 17 прекрасни години во овој неверојатен спорт, време е да се направи промена и да се продолжи понатака. Уживав во секоја минута овие сезони и малку се зборовите за благодарност на луѓето околу мене кои допринесоа за сето тоа“ –порача Алонсо.

За време на неговата неверојатна Ф1 кариера, Алонсо собра 32 победи, 22 пати бил на пол позиција, а до денес 97 пати се има искачено на подиумот.