Гибралтар ја шокираше Ерменија и ни направи голема услуга (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Гибралтар ја шокираше Ерменија на гостински терен и успеа да слави со 1:0. Оваа е прва официјална победа за комплетниот аутсајдер кој го направи најголемото изненадување во текот на денешниот ден.

Стрелец на единствениот погодок беше искусниот Чиполина кој погоди од белата точка во 50. минута од средбата.

На оваа победа на Гибралтар најмногу ќе се радува нашата репрезентација која сега има отворен пат кон првото место во групата и со тоа пласман во плејофот преку кој ќе може да се пласира директно на Европското првенство.