Вардар со вториот тим претрпе тежок пораз од Мешков Брест во СЕХА Лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ракометарите на Вардар во видно подмладен состав без главните играчи од првиот тим и без Гарсија Парондо претрпе висок пораз од Мешков Бресто со 35:20.

Ова е највисокиот пораз на „црвено црните“ во меѓусебните дуели со клубот од Белорусија. Вардарци на гостувањето во Брест отпатуваа само со 11 ракометари од кои само Гедбан, Војводиќ, Поповски, Недановски и Мишевски беа дел од првиот тим.

Вардар само на почетокот имаше предност, но потоа домаќините во целост ја презедоа играта и може да се каже дека само тие постоеја на теренот.

Јања Војводиќ со пет голови беше најпрецизен меѓу Вардарци, додека Гедбан на голманската позиција имаше само пет одбрани.