Лацио четврти клуб со 100 голови во Европа лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лацио на свој терен го совлада Марсеј со резултат 2:1 и така осигура пласман во наредната фаза од Европската лига.

Победата на Небесноплавите ќе се памети по тоа што овој клуб стигна до јубилејни 100 голови во Европската лига што не им оди на сите од рака.

Пароло на крајот од првото полувреме го постигна 99тиот гол, а Корea нешто подоцна и 100тиот гол со штоЛацио се придружи на Виљареал, Салзбург и Атлетик Билбао кои претходно го постигнаа истото.

Лацио сега е на второто место во групата Х со девет бодови, три помалку од водечките Ајнтрахт од Франкфурт со кои Небесносините се среќаваат во последното коло од групата.