Изгледа дека еден член на жирито за Златната топка не гледал фудбал оваа година


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новинарите ширум светот гласаа за изборот за Златна топка, па за победник беше прогласен Лука Модриќ кој убедливо славеше со 735 бодови.

Скоро кај сите членови изборот во однос на Модриќ беше сличен, но во око паднаа гласовите кои пристигнаа од земјата Свети Кристофор и Невис.

Претставник на оваа островска држава беше Мерв-Ан Томпсон, кој или сакаше да се забавува и да го привлече вниманието кон себе или оваа година не прател фудбал.

Тој сите пет бодови ги даде на Нејмар, три на Луис Суарез, два на Алисон и еден на Серхио Агуеро.

Интересно е тоа што меѓу фаворитите на Томсон нема ниту еден играч од топ 5 (Модриќ, Роналдо, Гризман, Мбапе и Меси).

Колку за информација оваа држава се наоѓа на Карипското море.