Исторски успех за одбојкарите: Македонија се пласираше на ЕП!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонските репрезентативци успеаа да се пласираат на Европското првенство (ЕП) во одбојка, откако беа подобри од Унгарија со 3-0 во сетови, а претходно ни се остварија желбите, односно Шведска го совлада Азербејџан, а Летонија беше подобра од Израел.

Македонската одбојкарска репрезентација одигра одличен натпревар и обезбеди историски пласман на ЕП, кое ќе се одржи во септември годинава.

Македонија играше фантастично против Унгарија, па првиот сет го доби со 25-21, а во вториот беше за нијанса подобра, па славеше со 25-20, додека во третиот сет беше забележана „реприза“ на првиот и резултат од 25-21.

Капитенот на македонската репрезентација, Никола Ѓорѓиев кажа дека е задоволен од настапот и големиот успех на одбојкарите.

„Ова е остварување на сонот. Пласманот на ЕП не се мери со титули и слично…“, кажа Ѓорѓиев.