Баерн Минхен ги договори Блинд и Зомер


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Германскиот гигант Баерн Минхен ја засилува конкуренцијата во тимот пред вториот дел од сезоната, па веќе договори два трансфери.

Голманот на Борусија Менхенгладбах, Јан Зомер се сели во Минхен како замена за повредениот Мануел Ноер кој ќе паузира до крајот на сезоната.

Исто така, баварците ќе ја засилат одбраната со Дејли Блинд, кој се раздели со Ајакс и доаѓа во Минхен како слободен агент.

Германскиот шампион претходно го договори и Конрад Лајмер од Лајпциг, меѓутоа тој ќе се пресели во Баерн дури на лето.