Батлер е слаб со нервите: Ѕвездата на Мајами сакаше да се истепа со тренерот! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мајами загуби од Голден Стејт на домашен терен со 104-118, а дека нешто не беше во редовите на домаќинот покажа и пресметката меѓу Џими Батлер и неговиот тренер Ерик Сполстра.

Батлер и Сполстра се скараа, по што малку недостигаше да се степаат, па мораа соиграчите да реагираат и да ги разделат гневните страни.

Тренерот на Мајами се изнервира и ја тресна таблата на паркетот додека се караше со неговиот најдобар кошаркар, а ова не е првпат Батлер да прави проблеми, откако претходно имаше конфликт и со Јудонис Хаслем.