Билиќ доведе ново засилување


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Гокан Торе се наоѓа се поблиску до потпис за англискиот Вест Хем.

Според извештаите од странските медиуми, Вест Хем наскоро ќе го официјализира трансферот на Торе, фудбалер мкој во минатата сезона играше за Бешикташ.

Чеканите од неодамна се заинтересирани за 24-годишниот кој во Бешикташ работеше со Славен Билиќ, денеска тренер на Вест Хем.

Вест прво ќе го позајми Торе за три милиони евра, а тогаш на крајот на сезоната, доколку играчот задоволи, ќе го откупи неговиот договор за 13 милиони евра.

Торе во Бешикташ во 82 натпревари постигна 12 голови, а беше претходно и во Челси, но не се докажа. После Хавард Нортвејт и Софиан Фегули, ќе стане трето засилување на Чеканите.