Борко блесна против Порто и доби место во тимот на колото во ЛШ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вардар вчера одигра 25-25 против Порто во групната фаза од ракометната Лига на шампиони (ЛШ), а најмногу на мечот се покажаа македонските голмани Борко Ристовски и Никола Митревски.

Ристовски имаше 18 интервенции и четири постигнати погодоци, па заслужено беше избран за голман на колото.

Од друга страна, неговиот колега Митревски ја доби наградата за најдобра одбрана за ова коло во ЛШ.

Во тимот на колото се:

Голман: Борко Ристовски (Вардар)

Лево крило: Тилен Кодрин (Целје)

Лев бек: Сандер Сагосен (Кил)

Среден бек: Игор Карачиќ (Киелце)

Десен бек: Алекс Душебаев (Киелце)

Десно крило: Никлас Екберг (Кил)

Пивот: Виктор Итуриза (Порто)