Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кошаркарите на Бостон селтикс пред своите навивачи во петтиот меч триумфираа со 106-88 против Далас маверикс и ја освоија рекордната 18. титула во НБА-лигата.
Бостон водеше од самиот почеток на натпреварот, а Далас постојано бркаше негатива на паркетот, но немаше решение за расположениот Џејсон Тејтум кој го заврши мечот со 31 поен, 11 асистенции и осум скокови.
На паркетот добар беше и Џејлен Браун кој постигна 21 поен и шест асистенции, по што беше прогласен за МВП во финалето на НБА-лигата.
Во редовите на Далас најдобар беше Лука Дончиќ со 28 поени, 12 скокови и пет асистенции, додека Кајри Ирвинг постигна само 15 поени.