Ботас за нијанса подобар од Фетел за пол-позиција во Остин


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Валтери Ботас ја освои пол-позицијата за Големата награда на САД, откако со својот Мерцедес имаше време од 1.32.029, па за нијанса беше побрз од Себастијан Фетел, кој ќе тргне втор на патеката.

Од третата позиција ќе тргне Макс Ферстапен, додека Шарл Леклер нема да биде на четвртата позиција.

Луис Хамилтон, кој има шанса да ја освои шестата светска титула во квалификациите заврши на петто место, а во топ 10 имаше место уште за Александар Албон, Карлос Сајнц, Ландо Норис, Даниел Рикарди и Пјер Гасли.

Утрешната трка ќе се вози од 20.10 часот по централно-европско време, а минатата сезона на патеката триумфираше Кими Раиконен.