Де Геа собори рекорд стар 50 години!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот чувар на мрежата продолжува да ни докажува дека е еден од најдобрите на светот во својата работа.

Шпанија ја совлада Турција, со резултат 3:0, а голманот на Манчестер Јунајтед уште еднаш ја сочува мрежата на ова првенство.

На тој начин, Шпанија ниту еднаш не ја вадеше топката од мрежата во Франција, па останува да видиме дали Ватрените ќе го совладаат одличниот голман.

За мрежата да остане недопрена се погрижи одличниот Де Геа, а после мечот со Турција, одличниот чувар на мрежата собори и еден неверојатен рекорд.

Тој стана прв голман на светот, кој на првите пет официјални (натпреварувачки) натпревари за својата репрезентација, остана несовладан!

Така го собори рекордот на легедната на англискиот фудбал Гордон Бенкс, кој на своите пет меча на голот на Гордиот Албион капуталираше, како што гол од бела точка му постигна легендарниот Еузебио.

Икер Касиљас на своите први пет настапи за националниот тин, кога се натпревари од натпреварувачко значење во прашање, прими два гола.

Што се однесува до шампионатот на Европа, со Де Геа не прими гол ни Мануел Ноер (2:0 против Украина и 0:0 против Полска), како и Џанлуиџи Буфон (2:0 против Белгија и 1:0 против Шведска).

Висенте дел Боске реши предност да му даде на голманот на Јунајтед, а две години по ред Шпанецот од своите колеги ја доби наградата за играч на годината во клубот од Олд Трафорд, а во последните два пати е вклучен во Тимот на годината во ПЛ, од страна на Асоцијацијата на играчи.