Детали за Охридскиот маратон: Ќе се плива на 10 или 11 септември, ќе има околу 20 учесници


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Охридскиот маратон, сепак, ќе се одржи на 10 или 11 септември, а наградниот фонд финансиран од Агенцијата за млади и спорт ќе биде 10.000 евра.

Откако претседателот на Македонија, Стево Пендаровски објави дека маратонот нема да се одржи, веднаш реагираше градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков кој кажа дека ќе има маратон.

Според договорот сите трошоци околу организацијата ќе бидат на Општина Охрид, а АМС ќе го покрие наградниот фонд.

„Маратон ќе има и радосен сум што иако се исправија многу пречки пред нас, успеавме сите да ги надминеме. После вчерашниот координативен состанок заклучок беше да најдеме начин како да го организираме, а после состанокот со директорот на АМС донесени се следните заклучоци: АМС ќе го покрие наградниот фонд од 10.000 евра, сите останати трошоци со организацијата ќе ги покрие град Охрид и Советот ќе донесе одлука за издвојување на два милиони денари од буџетот за оваа намена. Бидејќи сметката на НПФ е блокирана, парите ќе ги префрлиме на охридски клуб кој ќе биде вклучен во организацијата“, кажа градоначалникот Пецаков.

Одговорите кои се чекале од пливачите биле позитивни па така на овој маратон ќе настапат 20-тина, а првиот човек на АМС, Наумче Мојсовски посочи дека терминот е 10-ти или 11-ти поради обврските на натпреварувачите кон други натпреварувања.