Дибиров: Имав одлична понуда од Мешков, но решив да останам во Вардар!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рускиот ракометар Тимур Дбиров даде интервју за „Брз Центар“, каде што откри дека почекал да се смири ситуацијата во Вардар, односно не заминал никаде, иако имал понуди.

Русинот кажа дека не згрешил што почекал да се стабилизира состојбата во клубот.

„Јас чекав до последен момент и се надевав дека клубот ќе биде во состојба да постигне добри резултати. Не потпишав договор со друг клуб, верував и среќен сум“, кажа Дибиров.

Дибиров добил две понуди во претходниот период, но на крајот сепак остана во Вардар, со кој сезонава ќе се бори за пласман во топ-8 во Лигата на шампиони.

„Имав понуда од Мешков Брест, а лани пристигна понуда и од Монпелје, но јас сакав да останам во Вардар“, објаснува Дибиров.