Доминација на Леклер, Ферстапен остана без бодови во Австралија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Возачот на Ферари, Шарл Леклер триумфираше на трката за Големата награда на Австралија, која е трета сезонава во шампионатот на Формула 1.

Леклер водеше од самиот старт до целта, па така стигна до втората победа сезонава, а четврта во кариерата плус доби бод за најбрз круг.

Талентираниот возач имаше предност од речиси 20 секунди во однос на конкурентот од Ред Бул, Серхио Перез, додека на третото место заврши Џорџ Расел од Мерцедес пред Луис Хамилтон.

Третата трка ја одбележа и откажувањето на актуелниот шампион Макс Ферстапен поради проблеми со болидот, додека на трката немаше среќа ниту Карлос Саинц од Ферари.