Дури 250.000 Французи бараат да се повтори мечот со Швајцарија!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Француските навивачи не можат да се помират со поразот од Швајцарија на пенали и елиминацијата од Европското првенство (ЕП).

Швајцарците се пласираа во четвртфинале по подобро изведување на пенали, откако Јан Зомер му одбрани пенал на Килијан Мбапе во решавачката серија.

Токму поради таа одбрана дури 250.000 Французи потпишаа петиција да се повтори натпреварот бидејќи сметаат дека швајцарскиот голман излегол порано од гол-линијата.

Тие сметаат дека ги прекршил правилата и бараат да се повтори натпреварот, иако такво нешто сигурно нема да се случи.

„Триколорите“ треба да ја преземат вината затоа што имаа водство од 3-1, но ја прокоцкаа предноста во последните 10 минути од регуларниот дел.