Џакерини: „Ја имаме онаа работа“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Емануеле Џакерини сликовито покажа каква атмосфера владее во репрезентацијата на Италија.

Репрезентацијата на Италија е наградена на самиот крај на натпреварот против Шведска, победија со 1:0 со голот на Едер во 87 минута.

Еден од најарадосните играчи после овој меч беше Емануеле Џакерини, а интересна е изјавата која ја даде во италијанските новинари.

„Сакаме да покажеме на сите дека можеме да стигнеме до осмина финалето. Покажавме дека имаме мад….“ рече тој после мечот.

Покрај тоа, истакна дека овој меч против Шведска беше потежок од мечот со Белгија, како и дека неговата репрезентаија беше нервозна додека не постигна гол.

Италијаните со денешната победа станаа втори учесници во осмина финалето на ЕП после домаќинот Франција.