Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Трката за Големата награда на Австрија ја одбележа инцидент во завршницата меѓу Макс Ферстапен и Ландо Норис, а најмногу профитираше Џорџ Расел.
Ферстапен стигна до боксот и се врати на патеката по инцидентот, додека Норис мораше да се повлече и да остане без бодови.
Актуелниот шампион конечно го прекина молкот по судирот и кажа дека тоа било дел од тркањето, иако Норис смета дека Ферстапен намерно направил таков потег.
„Како пријател никогаш не сакате да се случи инцидент. На крајот, тоа е дел од тркањето. Двајцата сме виновни за инцидентот. Мислам дека му оставив доволно простор на Ландо“, кажа Ферстапен.