Ферстапен мора да плати речиси милион евра ако сака да вози во Ф1


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Формула 1 се враќа на програмата на 5 март кога се вози трката за Големата награда на Бахреин, додека титулата ќе ја брани Макс Ферстапен од Ред Бул.

Ред Бул и Ферстапен се жртви на нивниот успех поради правилата на ФИА, па ќе мора да платат 963.800 евра за да му се продолжи лиценцата на возачот.

„Мислам дека бројката е апсурдна. Не е фер да плаќаме толку многу за супер лиценца. Такво нешто нема во ниту еден спорт, а има сè повеќе трки во календарот“, кажа Ферстапен.