Фудбалерите на Англија имаат само едно прашање за Хоџсон


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Англија не го отвори на најдобар начин Европското првенство, со оглед на тоа дека ремизираше против Русија (1:1).

Она што посебно ги изненади скоро сите гледачи беше што корнерите за англиската репрезентација ги изведуваше Хари Кејн.

Од толку креативни фудбалери во Англија, Рој Хоџсон се одлучи изведувањето на корнерите да го додели на централниот напаѓач на Тотенхем кој би можел да биде многу повеќе корисен во шеснаесетникот.

Како што пишуваат англиските медиуми, овој потег на Хоџсон не ги изненади само навивачите, туку и фудбалерите на оваа селекција, а некои од нив наводно се одлучиле и да го прашаат селекторот зошто Кејн ги изведува корнерите.

Интересно е што во текот на целата сезона во Тотенхем Кејн изведе седум корнери, а на Европското првенство во натпреварот против Русија изведе шест.