„Газета дело Спорт“: Милан го сака Ловрен, но има еден проблем!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан не се откажува од намерата да го ангажира Дејан Ловрен од Ливерпул, но преговорите во моментов не одат во посакувана насока, ако може да се верува на „Газета дело Спорт“.

Италијанскиот медиум објави дека Ливерпул бара меѓу 20 и 25 милиони евра за Ловрен, а Милан е подготвен да го плати тоа, но проблемот е платата на Хрватот.

Ловрен на „Енфилд“ заработува пет милиони евра, а тоа е премногу за буџетот на „росонерите“, кои му нудат „само“ три милиони евра годишно, па токму тој детал ги кочи преговорите во моментов.

Хрватскиот дефанзивец не играше премногу во минатата сезона кај Јирген Клоп, а очигледно нема да добие шанса ниту во новата сезона, па поради тоа Ловрен сака да замине, но допрва следуваат нови преговори со Милан, за кои двете страни се надеваат дека ќе завршат успешно.