Ѓоковиќ: Премногу ги почитувам Федерер и Надал за да кажам нешто лошо за нив!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ кажа дека нема да биде вклучен во препукувањата со Рафаел Надал, иако Шпанецот пред две недели испрати критики до Србинот.

Надал го обвини Ѓоковиќ дека бил опседнат за победи и трофеи, а новинарите побараа одговор од српскиот тенисер, кој кажа дека нема намера да влегува во конфликт.

„Тоа стана вирално и луѓето зборуваат, но јас нема да одговорам. Секој може да мисли за мене што сака, за мене Надал е голем шампион и го почитувам. Немам намера да зборувам негативно за Надал или Роџер Федерер затоа што ги почитувам“, кажа Ѓоковиќ.