Горазд Михајлов е нов тренер на Вардар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најтрофејниот македонски клуб Вардар го ангажира тренерот Горазд Михајлов за вториот дел од сезоната, па така тој ќе го замени Александар Васоски.

„Црвено-црните“ денеска објавија дека Михајлов доаѓа на местото на Васоски кој претходно потпиша за Силекс.

„ФК Вардар ја известува јавноста дека Горазд Михајлов од денес е нов шеф на стручниот штаб на тимот. Му посакуваме среќа и успешна соработка со најтрофејниот клуб во Македонија. Добредојде  во црвено црното семејство“, соопшти Вардар.

Михајлов ќе има тешка задача да го спаси Вардар од испаѓање од Првата лига.