Ѓорческа си обезбеди полуфинале и гази кон трофеј во Унгарија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа гази кон нов трофеј во сингл-конкуренција, откако денеска обезбеди полуфинале на турнирот во Унгарија.

Ѓорческа денеска славеше убедливо со 2-0 во сетови, односно 6-0 и 6-2 против Емилијана Аранго од Колумбија, па така ја потврди одличната форма во која се наоѓа во моментов.

Македонската тенисерка претходно беше подобар од Ванда Лукаш со 2-1 во сетови, а турнирот го почна со триумф против Меланија Сток со 2-0 во сетови.

Ѓорческа вчера успеа да стигне и до четвртфиналето во конкуренција на двојки, кадешто заедно со Мерием Далакишвили загубија со 0-2 во сетови, иако играа квалитетно во првиот сет, но потоа немаа сила во вториот да се вратат во игра.